(ФОТО) Во Русија се урна украинско беспилотно летало со долг дострел
Украински беспилотно летало со долг дострел со фиксно крило „Е-300 Ентерпрајс“, се урнал во Русија, на приближно 1000 километри од границата.
Според пишувањата на руските медиуми, соборениот дрон бил опремен со мултиспектрален сензор од 360 степени и носел бомба „ФАБ-100-120“ која требало да биде фрлена од воздух.
Седиштето на пилотот било пренаменето за сместување на електронски компоненти, што укажува на неговата автономна работа.
Се верува дека овие беспилотни летала биле распоредени за напад на фабрика во Татарстан, Русија, одговорна за склопување на иранските дронови Шахед.
„E-300 Enterprise“, произведен од украинската компанија „AeroDrone“, е беспилотно летало од големи размери способно да носи товар до 300 килограми и да прелета растојанија до 3.100 километри.
Првично дизајниран како курирски авион, тој беше наменет за брза испорака на пратки.