Се продава часовникот на најбогатиот патник на Титаник: Може да достигне цена до 175.000 евра
Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот патник на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција. Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на познатиот брод во 1912 година откако ја видел својата сопруга Медлин во чамец за спасување, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Наместо да се обиде да се спаси во друг брод, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат бил виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот Океан седум дена подоцна, а со него бил пронајден и неговиот скап џебен часовник „Валтам“ од 14 каратно злато на кој биле врежани иницијалите JJA.
На аукција во аукциската куќа „Хенри Олдриџ енд сан“ во Девизес, Вилтшир оваа сабота. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти.
„Астор е добро познат како најбогат патник на Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари – што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рекол аукционер Ендрју Олдриџ.


