ФОТО | Што ако еден ден старлетата влезе во Белата куќа? Ким Кардашијан со Камала Харис зборуваше за реформите во правосудството

Ким Кардашијан и Камала Харис / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан, која е студент по право, разговарала со американската потпретседателка Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува „Асошиејтед прес“.

Медиумуите пренесуваат дека на тркалезната маса одржана во четвртокот биле истакнати напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право и како претседателот Џо Бајден ги искористи своите овластувања за помилување, особено за оние кои се осудени за ненасилни престапи со дрога кои се соочија со значително подолги казни отколку што би требало според сегашните закони.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои минатата недела беа помилувани од американскиот претседател Џо Бајден.

Харис, поранешен обвинител, на присутните им кажа дека „верува во моќта на откупувањето“ и се заблагодари на Кардашијан што ја искористи нејзината платформа за да ја подигне свеста за важноста на давањето втора шанса.

Познатата реалити ѕвезда ја посети Белата куќа уште кога Доналд Трамп беше претседател на САД, каде што се обиде да се избори за реформи во судството.

Своевремено изјавила дека нејзиниот покоен татко, познатиот адвокат Роберт Кардашијан, ја инспирирал да почне да се занимава со адвокатура.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Иако сè уште студира и е далеку од полагање правосуден испит, Ким благодарение на своето знаење и активизам успеа да го олесни ослободувањето на Алис Мери Џонсон, која требаше да отслужи доживотна затворска казна поради вмешаност во трговија со кокаин, по дури 21 година отслужување на затворската казна.

Џонсон беше помилувана од тогашниот претседател Трамп, а Кардашијан призна дека за нејзиниот успех во овој случај делумно помогнал и тоа што нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест бил поддржувач на републиканскиот претседател.

„Сега мојата приказна е и ваша“: Тејлор Свифт го издаде својот 11. студиски албум „The Tortured Poets Department“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот