ФОТО+ВИДЕО | Никола Роквиќ се огласи дека има потешкотии на 15. ден од подвигот до Грција: Не знам дали е шок за телото, но…
Српскиот пејач Никола Роквиќ пред две недели пеш тргна кон Грција до манастирот Нектариј Егински, со цел да собере средства за помош на детската онкологија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Никола секојдневно ги известува своите следбеници за своето искуство и ситуации со кои се соочува за време на патот. Тој го започна овој подвиг за време на Великиот пост, а сега на вториот ден од Велигден на социјалните мрежи се огласи дека се покајал што јадел мрсна храна, вели дека сега му е многу потешко да трча во однос на претходните денови.

„За мрсната храна, ух… Огромна разлика, не знам дали е шок за телото, но навистина е тешко. Утре се враќам на стандардот – леб, путер од кикирики, мед или снегулки. .. Ова со мрсна храна е навистина тешко“, задишано вели Роквиќ во видеото додека трча.
Но, додаде дека пристигнал на половина пат од Грција, а досега за неговата фондација „Фамилија“ се собрани повеќе од 15 милиони динари.
„Денес, фала му на Бога, стигнавме на половина пат“, напиша тој.


