ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, интервју со Димитар Ковачевски: Имавме заробена држава, а СДСМ ја врати демократијата

Politikanti

Доскорешниот премиер, до пред формирањето на техничка влада, и актуелен претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е гостин во поткастот „Политиканти“.

Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга, а непосредно по првиот круг претседателски избори имаа за што да разговараат за Ковачевски.

Ако поддршката за ЕУ е голема, зошто изборните резултати беа вакви? Како ќе продолжат европските интеграции? Ќе има ли уставни измени? Реално ли е Македонија да влезе во ЕУ до 2030 година?

Свесен ли е Ковачевски за грешките на неговата влада? Зошто СДСМ не успеа да ја валоризира својата историја и да направи наратив, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ? Остварени ли се барањата на Шарената револуција? Слободата на медиумите се врати. Зошто не се врати правдата? Зошто се донесоа контроверзните измени на Кривичниот законик? Ќе се врати ли со нив Никола Груевски? Ќе одговара ли некој за прислушувањето? Зошто се чувале судски предмети во фиоки?

Зошто не се работеше на реформи важни за правото и борба против корупцијата на што посочија и ЕУ и САД? Згреши ли владата на СДСМ што не спроведе ветинг? Каде е корупцијата?

Зошто СДСМ изгуби во Скопје, кога Владата се занимаваше со комуналните проблеми на скопјани? Што е проблемот со нефункционалноста на администрацијата? Ковачевски признава дека имало погрешни кадровски решенија. Каков е неговиот став кон ДУИ и перцепцијата на јавноста дека ДУИ е најкорумпиран елемент во владата? Како ја толкува предизборната кампања на ДУИ? Се разговара ли за „црни сценарија“ на вториот круг претседателски и парламентарните избори?

За овие прашања и многу повеќе во новото издание на поткастот „Политиканти.мк“ на Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот