ФОТО | Кој е дечкото на Теа Таировиќ? Работи за неа, не излегува од теретана, а пејачката го крие од јавноста!

Теа Таировиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младата и популарна пејачка Теа Таировиќ ужива во новата љубов. Јавноста дури сега дозна за нејзиниот емотивен статус, а нејзините романса со згодното момче трае веќе шест месеци.

Познатата пејачка наполни 28 години, а нејзиното момче, кое упорно се обидува да го сокрие од јавноста, ја изненади, па пред насобраните гости ѝ подари цела низа подароци кои ја оставија без зборови.

– Момчето на Теa почна да работи за неа минатата година како обезбедување, така се споија. Ја следеше и чуваше пејачката на настапите и јавните случувања, а љубовта дојде сосема спонтано. Сега се неразделни. Теа е многу среќна покрај него, но сепак, не сака јавно да го претставува како дечко – изјавил пријател на пејачката.

Тие двајца не се одвојуваат еден од друг, многу се вљубени, а насмевките на нивните заеднички фотографии тоа и го докажуваат.

Тој многу се грижи за својот изглед и редовно тренира, што особено ѝ се допаднало на Таировиќ.

Сепак, тој не е претерано заинтересиран за јавниот живот, туку важно му е постојано да биде во близина на пејачката.

Додека го крие својот приватен живот од очите на јавноста, Теа избегнува да зборува за новиот партнер пред камерите, а јавноста имала можност да ги види заедно на премиерата на филмот „Недела“, како и неколкупати на аеродромот „Никола Тесла“, кога пејачката се враќала од настап, каде што ја чекал тој, како и на бројни настапи и слично.

Фотографиите од новото момче на Теа Таировиќ можете да ги погледнете ТУКА.

 

ВИДЕО | Најслушаните песни на Јутјуб: Еве што најмногу слушаат Македонците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот