Болници во Киев итно евакуирани поради стравувања од руски напади

Фото Твитер

Градската државна управа на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот