Ирина Шајк бара дечко: Најзгодната манекенка на светот има три услови

Ирина Шајк / Фото: Instagram / irinashayk

Откако пропадна врската на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара нов маж, тврди извор за „Пејџ сикс“.

„Таа тргна во ‘шопинг’ за маж, но групата на луѓе со кои излегува е мала. Потребна ѝ е позната личност која добро изгледа и има пари. Колку ги има? Пет, десет?“, рекол изворот.

Руската манекенка е во потрага по идеален маж во Европа и САД. Извор за таблоидот го предложил Том Круз како една можност, откако актерот неодамна се раздели со Елсина Кајрова.

Инкау, таа и нејзиниот поранешен дечко Том Брејди првпат беа забележани заедно во август, откако се сретнаа на свадба во Италија во јуни. Последен пат беа видени заедно во средината на јануари во Њујорк. Во септември, таблоидот напиша дека и двајцата излегуваат со други луѓе, а на крајот на октомври беше откриено дека работите меѓу нив тргнале наопаку. Сепак, Брејди и Шајк беа забележани во декември за време на Арт Базел Мајами Бич.

Пред него, Шајк беше во долга врска со актерот Бредли Купер, со кој има четиригодишна ќерка. Купер моментално е во врска со моделот Џиџи Хадид.

ФОТО | Дали ја препознавате? Најжешката манекенка на светот објави фотографии од детството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот