ФОТО+ВИДЕО | „Христос воскресна, радост моја!“: Никола Роквиќ се огласи од Македонија на 14. ден од подвигот

Никола Роквиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.

Пејачот секојдневно на социјалните мрежи споделува за своето искуство и ситуациите со кои се сретнува по пат. Сега тој се огласи и откри каде ќе го слави Велигден, најрадосниот празник во годината.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Имено, Никола овој посебен ден ќе го помине во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.

„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачот на Велигден сподели и фотографија со пријател и со насмевка на лицето им го честиташе на сите најсреќниот христијански празник.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Роквиќ традиционално се кршеше со јајца и напиша: „Христос воскресна, радост моја!“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, сопругата на пејачот Бојана Баровиќ допатува со децата за да можат заедно да го поминат Велигден, а Никола потоа ќе го продолжи аџилакот до манастирот Нектариј Егински.

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот