ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ има мал раст на бројот на гласови, повеќе демотивривале да се гласа за СДСМ

Никола Наумоски / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Градовите се такви што не можеш да ги уништиш, а ни луѓето во нив. Градот ќе си продолжи да си расте, да си постои, да се развива без разлика на тоа каков е градоначалникот. Тој може да го забрза или да го успори тој раст, но Скопје ќе има повторно шанса да гласа и еве да ја споиме темата со вчерашните избори ќе беше интересно Данела Арсовска да беше кандидат за претседател за да видиме како ќе помине, како што беше интересно да се види дека Стевче Јакимовски има шест-седум пати помалку гласови од тие што ги освоил во Карпош во 2021 година, што веројатно е и најголемиот губитник на изборите, најголемата промена се има случено таму и е добра основа за граѓаните на Карпош да бараат оставка од него со оглед на тоа каква е неговата популарност, рече Никола Наумоски на интервју на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн. Мк.

Во однос на прашањето дали Силјановска ќе се однесува на ист начин како Арсовска, тој одговори дека неговиот впечаток е дека е помалку бунтовна од Арсовска.

„На крајот на краиштата, позицијата претседател на државата не е толку важна како Собранието и владата. Дури и Силјановска да го напушти ВМРО-ДПМНЕ, им заврши голема работа, победувајќи во првиот круг и добивајќи шанса во вториот круг да направат мнозинство во Собранието“, посочи Наумоски.

Во однос на очекувањата околу вториот круг, тој одговори дека оваа разлика е најголема досега и дека ова е најлошиот резултат на СДСМ во последните 30 години. Тоа е сериозен сигнал за раководството на партијата да одлучат што ќе прават понатаму.

„Иако се преполовиле гласовите на СДСМ, само малку пораснале гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, односно за 10%, што укажува на тоа дека биле поуспешни во демотивирањето на гласачите на своите противници отколку што биле успешни во мотивирањето на своите членови“, заклучи Наумоски.

Повеќе од интервјуто на Нумоски можете да погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот