ЦУК: Пожари во Скопје и Битола, гореа диви депонии

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1588 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 54,85%, а 45,15% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 61,03%, кон Итната медицинска помош 35,66%, кон пожарникарите 1,84%, а кон АМСМ 0,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 760 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,10%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(45,15%).

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Имало два пожара на отворено во последното деноноќие. Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 14.10 до 15.10 часот, гаснеле запалено ѓубре на ул. „Скупи“ во Општина Карпош, на површина од 500m2.

Интервенцијата ја извршиле со едно ПП возило и два пожарникара. Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола дека од 14.11 до 15.15 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“ во Општина Битола.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот