ФОТО | Погребана Бојана Јанковиќ: Српската водителка испратена со песна, поранешниот сопруг, сестрата и децата скршени

Бојана Јанковиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Водителката Бојана Јанковиќ, која беше пронајдена мртва на 19 април во својот стан во Белград, денеска беше погребана на Новите гробишта во Белград. Колеги, пријатели и членови од семејството ја испратија во вечниот одмор, пренесува „Б92“.

Меѓу првите на гробиштата пристигна Ивана, сестрата на Бојана, во придружба на нејзиниот поранешен сопруг Един Шкориќ, а по неа дојде и Огњен Јанковиќ, поранешниот сопруг на Бојана, кој пријде и го бакна ковчегот, а потоа застана ѝ прими сочувство од присутните. Семејството и пријателите ѝ пријдоа и на Ивана која не можеше да ги задржи солзите да ѝ изразат сочувство.

Голем број колеги покажаа колку ја сакаат Бојана, и колку им била драга. Меѓу нив беа Билјана Обрадовиќ, Влада Вуксановиќ, Виктор Савиќ, Душица Јаковљевиќ, Урош Ќертиќ, Тијана Стоисављевиќ, Един Шкориќ. Дојдоа да се простат и Андрија Милошевиќ со сопругата, Тијана Дапчевиќ, како и Милена Радуловиќ.

Бојана беше испратена со песната „Вива ла вида“. Додека траеше погребот потресен говор одржа нејзиниот поранешен сопруг Огњен.

„Нема начин некој да ја заборави. Нејзините очи, насмевка, убавина што плени… Грижата за најблиските, несебичноста, ти беше единствена, неповторлива. Најдобра пријателка, шемекер, лојална на најблиските, сакана од колеги. Знаеш колку луѓе ни се јавија и зборуваа за тебе, не случајно ти подаруваме малку љубов. Ја сакаше музиката, а уште повеќе сакаше да танцуваш, беше добар танчер. Нè научи многу, а денес нè научи да го победиме стравот. Повеќе не се плашиме од ништо и подготвени сме на сè што следи затоа што не соедини во љубовта. Бојана, Боко, Бокси, сите имавме омилен прекар, многумина те викаа љубов, сестра, тетка, мамо и секогаш ќе се викаш мамо, знаеш тоа. Зад себе остави наследници, Господ да те прегрне за нас, а ние ќе те сакаме засекогаш“, рекол тој.

Фотографиите од погребот на српската водителка може да ги погледнете ТУКА.

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград: Обвинителот нареди обдукција на телото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот