Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград: Обвинителот нареди обдукција на телото

Бојана Јанковиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската водителката Бојана Јанковиќ (поранешна Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу „Сити“ на Пинк телевизија е пронајдена мртва во стан во Белград, пренесуваат српските медиуми.

За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое веднаш нареди обдукција. Сè уште не е позната причината за смртта на познатата водителка, но според информациите на телото нема видливи траги на насилство.

Неофицијално, итната помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот. Телото на познатата водителка е пренесено во Институтот за судска медицина.

Се огласи и семејството за да ја потврди веста за нејзината ненадејна смрт, пренесуваат медиумите.

„Семејството потврдува дека Бојана денеска ненадејно почина и иако разбираат дека таа е интересна личност за медиумите, ги повикуваат сите медиуми да се однесуваат според нивната етика, да ја почитуваат својата колешка и да го остават семејството да ги поминат овие тешки моменти во мир“, се наведува во соопштението на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот