ВИДЕО | „Ова е тежок непотизам“: Изборот на една актерка во „Кралот Лав“ ги налути обожавателите

Фото: Profimedia

Новиот приквел на „Кралот Лав“ („The Lion King“) пристигнува во декември и ќе биде прикажуван во киносалите ширум светот.

Ова продолжение се вика „Муфаса: Кралот Лав“ („Mufasa: The Lion King“), а првиот тизер предизвика бројни дискусии на социјалните мрежи. На страна дискусијата за самиот тизер, твитерџиите искажаа особено незадоволство за кастингот.

Имено, ќерката на пејачката Бијонсе, Блу Ајви Картер, е на листата со гласовни актери за овој филм.

Да потсетиме, Бијонсе го позајми својот глас за ликот на Нала во првиот филм, а ја испеа и насловната нумера. Многумина сметаа дека појавувањето на Блу Ајви Картер, која ќе го позајми гласот за ликот Кјара, во овој филм е „тежок непотизам“.

Инаку, филмот го следи растењето и подемот на лавот Муфаса, таткото на Симба. Муфаса бил сирак, но среќата му се насмевнала откако го запознал лавот Така, наследникот на тронот на лавовското кралство.

Филмот ќе ја прикаже потрагата на Муфаса по судбината, како и неговата врска со Така, кој со годините станува негов непријател, иако пораснале како браќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот