На пат кон Грција: Српскиот пејач Никола Роквиќ доживеа емотивен момент

Никола Роквиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ тргна пеш од Белград до Егина, патување долго 1.060 километри, каде ќе му се помоли на Свети Нектариј Егински.

Подвигот што се осмели Никола да го направи е да собере средства за набавка на опрема за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детскиот онколошки оддел во болница.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачот пристигна во Врање, а во еден момент му се придружи и група „Врањски маратонци“. Потоа, сам го продолжи патувањето, кога се изненадил и доживеал многу емотивен момент.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

 

Имено, додека минувал покрај една куќа слушнал песна на својот покоен татко Маринко Роквиќ. Кратко потоа, додека поминувал покрај автомобил на патот, Никола слушнал уште една песна на својот татко. Роквиќ застанал да се поздравил со возачот и неговото семејство кои го воодушевиле.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Ете, Маринко, пак…“, рекол Роквиќ.

„Да сте живи и здрави за нас“, кажале луѓето од авотмобилот.

Да потсетиме, Никола и неговата сопруга Бојана ја основаа фондацијата „Породица“ за да им помогнат на родителите и децата на кои им е потребна помош. На подвигот Роквиќ собира средства за набавка на опрема за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детското онколошко одделение, за што им се потребни 200.000 евра.

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот