Николоски ветува дека ќе го исчистеле криминалот, Битиќи предупредува дека земјава може да стане заробена

Кој може да го исчисти криминалот и да се бори против корупцијата подобро, кој може да донесе повеќе демократија, кој може да ги исполни ветувањата – политичките чинители длабоко навлезени во предизборната кампања со свои гледишта каква држава е Македонија, што треба да се промени и кој може да понуди подобра програма.

Основата на нашата порака е дека нас ни е потребна масовна референдумска излезност на изборите на осми мај со цел она што го ветуваме да го реализираме, со цел во Македонија да воведеме функционална правна држава, да се исчисти криминалот и корупцијата, ДУИ да оди во опозиција и Македонија економски да се развива, ова денеска од мини митингот во Прилеп го истакна Александар Николоски, носител во изборната единица четири.

„ За да може да се менува државата, потребно е двата клучни партнери во собранието да одат во опозиција. Не може да се менува државата со старите партнери, не може да се менува државата со истите кадри, потребна е промена, а за таа промена шансата ја бараме од вас и сите што ги познавате да поразговарате и она што го очекуваме е масовна референдумска излезност на осми мај. Планираме многу убави работи и за Прилеп и целиот пелагониски регион“, вели Николоски.

Алудирајќи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, Фатмир Битиќи од СДСМ во дебата на Канал 5 со претставници од ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше дека во 2017 година Македонија била заробена држава и дека токму нивната влада ја ослободила Македонија од режимот.

„За да биде идеално и подобро, секогаш треба двајца. И тие кои се во позиција и тие кои се во опозиција. Само нека кажат, бидјеќи г-ѓа Пешевска е дел од сегашното Собрание, колку закони кои би ги подобриле состојбите се заглавени во Собранието? И колку закони кои би ја подобриле состојбата на граѓаните, квалитетот на живот се заглавени во Собранието?“ праша вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Тој додаде дека пред да дојде СДСМ на власт во 2017 година, Македонија беше заробена држава, како што беше нотирано во извештаите.

„Сега имаме извештај на цикличен систем, кој вика дека има одреден напредок. Дали е идеално? Не е, но има напредок“ рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот