ВИДЕО | За Велигден ќе помине низ Македонија: Колку пари собрал Никола Роквиќ на мисијата на која пеш тргна за Грција

Никола Роквиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ пред пет дена пред храмот Свети Сава го започна својот предизвик – пешачење по патот долг 1.060 километри до манастирот Нектариј Егински во Грција. Пред да се впушти во оваа авантура, тој се поздрави со своите најблиски и се помоли за успешно патување.

Низ редовните објави на својот инстаграм-профил, Никола откри дека за неговата фондација „Семејство“ што ја основал со сопругата Бојана, се собрани четири милиони динари за помош на детската онкологија. На една од снимките тој откри дека се наоѓа на осумнаесеттиот километар од планинарењето, а досега се собрани четири милиони динари благодарение на големиот одзив  и поддршката од луѓето.

– Помага Господ драги луѓе. Еве, петти ден, сега сум на осумнаесеттиот километар, денеска одиме 35 километри. Само да ве информираме дека стигнавме до 4.000.000 динари. Ви благодарам од срце, одиме понатаму за детската радост. Ве бакнувам – рекол Никола во видеото што го објави.

Како што објави српски „Блиц“, сопругата на Никола открила детали за мисијата на Никола. Таа истакнала дека Никола на почетокот е голем оптимист и дека засега се чувствува одлично, поминувајќи по околу 30 километри дневно. Таа изразила благодарност до сите кои ја поддржале фондацијата и мисијата на Никола. Бојана најавила и дека таа и децата ќе му се придружат на Никола на патот кон Грција.

Бојана истакнала дека ова е невиден подвиг и дека не очекувале таков одѕив. Таа ја истакнала важноста на семејната поддршка и најавила дека ќе му се придружи на Никола на патот кон Македонија за време на Велигден.

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција, мора да помине 1.150 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот