ВИДЕО | Јокиќ и Гордон обезбедија уште една победа за Денвер, Лејкерс пред елиминација

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Aктуелниот шампион Денвер во НБА лигата е пред победа во серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако изминатата вечер Јокиќ и друштвото славеа победа на гости од 112:105 за водство до 3:0.

За Денвер ова беше 11. победа во низа против Лејкерс. Низата победи за шампионот започна од 2021 година. За разлика од претходниот натпревар сега немаше драма и покрај тоа што домаќинот беше подобар на стартот и водеше со 12 разлика во втората четвртина.

Денвер се доближи на -4, а во третата четвртина и направи предност од 12 поени разлика и така го трасираше патот кон победата. Денвер сега го дели само една победа од втората рунда во плејофот.

Јокиќ оствари дабл-дабл од 24 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека Ерик Гордон на овој натпревар беше прво име со 29 поени и 15 скока. Ентони Дејвис во редовите на Лејкерс имаше 33 поени и 15 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Кливленд 121-83
Филаделфија – Њујорк 125-113
ЛА Лејкерс – Денвер 105-112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот