Серија А: Рома и Јувентус ги поделија бодовите на „Олимпико“

Момент од натпреварот Рома и Јувентус на „Олимпико“ во Рим/фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Во дербито на 35 коло од најсилното италијанско првенство фудбалерите на Рома и Јувентус ремизираа со конечен резултат 1:1.

На стадионот „Олимпико“ во Рим двата гола беа постигнати во текот на првото полувреме, поведе „волчицата“ со голот на Лукаку од 15 минута.

„Старата дама“ успеа да дојде до бод во 31 минута преку Бремер по асистенцијата на Киеза.

На табелата во Серија А Јувентус после четвртото реми во низа моментно е на третата позиција со 66 бодови, додека Рома е на петтото место со 60.

Во следното коло Јувентус на 12 мај ќе го пречека составот на Салернитана, додека Рома истиот ден ќе ѝ гостува на Аталанта.

ВИДЕО: Шест гола на „Сан Сиро“, Џенова два пати водеше, па се спасуваше од пораз против Милан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот