Почина Луис Меноти, човекот кој на Аргентина и донесе мундијалско злато

Фото: AFA

Славниот Аргентинец, Сезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст. Меноти во својата земја важеше за вистинска легенда, а најголемиот успех го направи кога на „Гаучосите“ им ја донесе мундијалската титула во 1978 година.

Најмногу беше познат по прекарот „Ел Фако“, додека како тренер најмногу се задржа во Шпанија водејќи ги Барселона и Атлетико Мадрид. Во шпанскиот фудбал успеа да ги освои титулите во Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот.

Претходно како играч го носеше дресот на Росарио, Расинг, Бока Јуниорс и Сантос во кој беше соиграч со Пеле и заедно освоија четири титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот