Новак Ѓоковиќ ја започна 424. надела на врвот на АТП листата

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 424. недела на врвот на АТП листата.

Српскиот тенисер во овој момент е на 9.990 бодови, а на врвот на листата ќе остане и на 22. мај кога ќе наполни 37 години. Со тоа Ѓоковиќ е биде единствениот тенисер кој на таа возраст бил на првото место.

Јаник Синер е зад Ѓоковиќ со 8.860 бодови, додека зад нив следи Шпанецот Карлос Алкараз кој е на 7.345 бодови.

Листата во топ 10 ја комплетираа уште: Медведев, Зверев, Рубљов, Руд, Циципас, Хуркач и Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот