Зајкова: Не може оние со „Сваровски“ судство да говорат за правда
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова смета дека „оние со Сваровски судството“ и активната блокада го урнисале правосудниот систем и таа не можела да ги слуша како говорат за правда. Таа додаде дека сите го паметат времето кога се нарачуваа судски пресуди против невини луѓе, а денес „крадецот да вика, држете го крадецот“.
„За Зајкова нема ниту една судска пресуда, но не е така за оние кои зборуваат за довербата во правосудството. Јас немам никаков капитал стекнат на товар на државата, ама прашајте ги нив, како тие го стекнаа нивниот капитал и како ги изградија сопствените бизниси“ рече Зајкова.
Претседателката на ЛДП додаде дека затоа сега ВМРО-ДПМНЕ предлага ветингот за политичарите да важел само пет години наназад, за повторно да се себеамнестираат.
„Јас немам товар од криминално минато и барам ветингот да започне од мене и од осамостојувањето на Македонија. Нека стане пракса која ќе се применува за секој еден, без разлика на национална, верска или политичка припадност“ рече Зајкова.