Фото: wallpaperflare.com

Косово се уште не е во агендата на Советот на Европа

Косово и денеска не е вклучено во агендата на Комитетот на министри на Советот на Европаи“, изјави портпаролката на Советот на Европа, Естел Штајнер.

Дека Косово денеска не беше тема на состанокот на амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа, а се уште не е вклучено во агендата на претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, напиша и заменикот на ДСК, Аријана Мусљиу-Соши.

Таа на Фејсбук напиша дека средбата на амбасадорите ќе продолжи на 14 мај, а тоа ќе биде уште една шанса за Косово.

„Косово денеска не успеа да биде тема на состанокот на амбасадорите кои го подготвуваат дневниот ред за состанокот на Советот на министри на 16 и 17 мај. Овој состанок ќе продолжи во вторник на 14 мај, но во наредните денови процесот станува се потежок, можностите се трошат“, напиша Мусљиу-Соши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот