ВИДЕО | Петгодишно девојче од Полска се бори за живот: паднало од 11 кат, врескањето на соседите ја разбудило мајката

Петгодишно девојче е во сериозна состојба откако паднало од 11-катна зграда во полскиот град Влоцлавка, околу 140 километри северозападно од Варшава. Нејзината мајка (21), која во тој момент се грижела за неа, е уапсена и се соочува со неколку години затвор, објавува Билд.

Во времето на трагедијата, мајката била сама во станот со својата ќерка и таа спиела. Врескањето од соседите кои биле очевидци на ужасната глетка, ја разбудило од сон.

Според извештаите на полските медиуми, девојчето по реанимацијата со хеликоптер било однесено во болница во Бидгошч. Претрпела повреда на главата и состојба му е сè уште сериозна.

Алкотестот покажал дека мајката имала екстремно ниска концентрација од 0,001 промил алкохол во времето на несреќата, што е едвај мерливо.

Портпаролот на полициската управа во Влоцлавек потврдил дека мајката е уапсена. Таа е обвинета за загрозување на животот на дете, за што е предвидена казна од три месеци до пет години затвор.

Покрената е истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот