ВИДЕО | Муабетиме со популарниот, а сепак анонимен „Тastefull Consigliere“: Храната има монументална вредност

Фото: Скриншот/Јутјуб

Релацијата со храната, гозбата, општеството, саркастично и галантно слеани во емоција се импулс на младиот лик кој на неговиот инстаграм-профил ги канализира своите секојдневни искуства.

Суптилен. Изразен. Анонимен. Кој e дечкото кој стои зад инстаграм-профилот „Тasteful Gonsigliere“?

– Верувам во ставот дека, метафорички кажано, првиот слој, односно физичкиот изглед е само целофран и дека тоа е многу помалку важно за што било. Побитно е тоа што не се гледа. Заради тоа останав анонимен – вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tastefull_consigliere

Што се однесува до неговите објави на социјалните медиуми, тој вели дека секогаш е искрен и спонтан.

– Никогаш не ги премислувам работите кога ги пишувам, а таков сум и во животот – импулсивен и емотивен. Ме носи емоцијата, нешто што може да биде и предност и маана. На тој начин и ги пишувам работите, ако чувствувам дека нешто предизвикало нота на сарказам кај мене, тогаш го пишувам и малку посаркастично – вели блогерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tastefull_consigliere


За овој млад гурман, храната има монументална вредност и вели дека има емотивна релација со неа.

– За мене храната има монументална вредност и ми буди сеќавања. Навистина ги почитувам вкусот и храната, а вистински го почитувам и трудот и квалитетот и на суровините, и на луѓето коишто ја приготвиле храната. Јас имам емотивна релација со храната. Можам да се сетам на одредени вкусови што сум ги јадел, каде сум бил, со кого. Мора да ја спомнам баба ми, има едни нејзини шницли кои никогаш нема да ги заборавам. Никогаш нема да го заборавам вкусот на тие шницли. Сум јадел и други шницли, можеби и повкусни, но не биле тие на баба ми – се присети тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @tastefull_consigliere


Пријателството и почитта, семејството, неговата љубов кон градот, луѓето од модната индустрија и стилот на живеење играат значајна улога во големиот дел од неговите објави на Инстаграм.

– Некогаш кога некој обичен човек ќе зготви нешто, а дал дел од себе во тоа јадење, за мене тоа е повкусно јадење. Тогаш се чувствува оној момент на сопствен печат, давање дел од себе во храната, во форма на социјализација, дружба, почит. Храна се врзува и со почитување, особено во нашата култура – ти доаѓаат гости, па принесуваш храна, ги носиш во кафана, ги честиш ручек итн. Барем јас сум така растен и воспитан – смета блогерот.

Неговиот голем интерес кон храната го натерал на постепено професионализирање на гастрономските води, каде неодамна имаше организирано гастрономски настан каде беше куратор на настанот, придружуван од негов пријател Матеј, професионален готвач.

Покрај неговите афинитети, љубовта кон модната индсутрија го довеле да креира свој сопствен бренд со мото „Префинет вкус“, кој е препознатлив по неговите бејзбол капчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот