Бучковски: Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати

Владо Бучковски/Фото: МИА

„Знаејќи го карактерот на Пендаровски, но и ризикот во кој би влегол СДСМ ако се калкулира со тивок бојкот, јас сум за машки да се истрча вториот круг и да се направи максимум. Кај дел од членството на СДСМ ќе се пробуди инаетот, не сакаат да бидат вака понижени“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“.

Тој додаде дека расположените не е за СДСМ да биде доведен само на 180 илјади гласови.

„Знајеќи го карактерот на СДСМ, сметам дека СДСМ ќе има подобар резултат од овој на парламентарните избори и тоа ќе биде мотивација за тој што ќе го наследи Ковачевски, да покаже дека со поинаква организација и мотивација, која ќе му треба на СДСМ по овој шок, може да се изнесат уште барем 30-40 илјади гласови на контото на СДСМ“ рече Бучковски.

Тој додаде дека некои поранешн функционери на СДСМ заговараат бојкот на вториот круг на претседателските избори како одговор на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ од изминатите седум години, но според него тоа е погрешен пристап и стои зад одлуката на Пендаровски да се бори до крај.

„Чесно е да се мобилизира СДСМ и да се истрча до крај оваа трка.

Тој додаде дека некои поранешн функционери на СДСМ заговараат бојкот на вториот круг на претседателските избори како одговор на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ од изминатите седум години, но според него тоа е погрешен пристап и стои зад одлуката на Пендаровски да се бори до крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот