Нисан и Хонда се договорија да работат заедно во развојот на електрични возила

Нисан и Хонда / Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Нисан и Хонда објавија дека ќе работат заедно во развојот на електрични возила и технологија за авто-интелигенција, сектори каде што јапонските производители на автомобили заостанаа, пренесува АП.

Главните директори на Нисан и Хонда се појавија заедно на прес-конференција во Токио за да објават дека вториот и третиот најголем јапонски производители на автомобили ќе разгледаат области со потенцијал за соработка.

Деталите за необврзувачкиот договор се уште се разработуваат, соопштија двете страни. Директорите рекоа дека компаниите заедно ќе развиваат основни технологии, но нивните производи ќе останат различни.

Главниот извршен директор на Нисан, Макото Учида, истакна дека брзината е клучна за компаниите во развојот на технолошки решенија.

„Немаме време“, рече тој. „Значајно е што го постигнавме овој договор врз основа на взаемно разбирање дека Хонда и Нисан се соочуваат со заеднички предизвици“.

Претседателот на Хонда, Тошихиро Мибе, рече дека компаниите споделуваат заеднички вредности и може да создадат „синергии“ во соочувањето со нивните застрашувачки ривали.

Светските производители на автомобили брзо се насочуваат кон електрични возила, фокусирајќи се на батериите и моторите наместо на бензинските мотори, бидејќи расте загриженоста за емисиите на гасови и климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот