(ВИДЕО) Борбените авиони „Рафал“ влегоа во служба на хрватските воздухопловни сили

Првите шест нови борбени авиони Рафал, купени од страна на хрватските воздухопловни сили, свечено беа пречекани во оперативната база во Загреб од страна на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за одбрана Иван Анушиќ.

Одлуката за набавка на овие авиони ја донесе хрватската влада на 28 мај 2021 година, со договорот официјално потпишан на 25 ноември истата година за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Хрватска.

Трансферот на првиот авион Рафал се случи на 2 октомври минатата година во базата на француското воздухопловство во „Мон-де-Марсан“.

До крајот на оваа година се очекува Хрватска да има вкупно осум авиони, а останатите четири се очекуваат до крајот на првиот квартал на 2025 година.

Пристигнувањето на авионите Рафал претставува значајна пресвртница во одбранбената способност на Хрватска, како што истакна премиерот Пленковиќ.

Тој го нагласи историското значење на овој момент, посочувајќи ги колективните напори направени за одбрана на хрватската територија во тешки времиња.

Пленковиќ, исто така, го истакна стратешкото партнерство меѓу Хрватска и Франција, со што се зајакнува меѓународната положба на земјата во НАТО, ЕУ и другите меѓународни организации.

„Рафал“ е повеќенаменски борбен авион со два мотори опремен со напредни системи за напад-навигација, радар од најновата генерација со висока интеграција на сензори и системи за самоодбрана, како и можност за употреба на широк опсег на оружје, што прави тој да е еден од најдобрите повеќенаменски борбени авиони на денешницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот