Разузнавачи: Русите сè побрзо напредуваат на линијата на фронтот
Откако успеаа да ги надвладеат украинските трупи во источниот украински град Авдиивка и да ги избркаат од нивните позиции таму, ипокрај големите загуби во техника и човечки персонал, руските трупи напредуваат со брзо темпо во таа област.
Ваквата информација за случувањата на теренот ја потврди и британското министерство за одбрана повикувајќи се на своите на разузнавачки информации.
Се вели и дека руските сили се пробиле и создале коридор кој сега кго користат за влез во Очеретино што еловирано на околу 15 километри северно од центарот на Авдиивка.
Очертино е во Доњецкиот регион и пред почетокот на конфликтот имало околу 3.500 жители.
Британските разузнавачи сега велат дека Очеретино е една од клучните позиции за руските трупи по Авдиивка.
Британското министерство за одбрана редовно објавува информации за текот на конфликтот во Украина за кои Москва пак го обвинува Лондон дека шири дезинформации.