ВИДЕО: ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафах

Евакуација на цивилното население од Рафах/Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафах во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“.

ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“.

ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“.

Токму од областа на преминот Рафах вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети.

 

Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот