Сакате да се сплеткате со колегата од работа? Сега постои и интернет страница за тоа!

„AFFAIR at work” во превод – афера на работа, е новата интернет страница за запознавање чии целни лица се главно поединци кои не се нужно самци, а сакаат тајно да стапат во интимен однос со колегата од работа, и тоа во удобноста на своето работно место.

Иако интернет страниците кои ги спојуваат прељубниците не се нова работа, оваа платформа се разликува од другите поради својата целна група, а тоа се колегите од работа. Преку оваа страница можете да откриете дали привлечноста меѓу вас и колегите е обострана. Нормално, пристап имаат и оние кои не се во врска, а сакаат да проценат дали станува збор за флерт или за нешто повеќе.

Кон услугите се пристапува преку Инстаграм, каде добивате образец во кој го означувате Инстаграм профилот на колегата на кој сте му „фрлиле око“. Страницата потоа стапува во контакт со таа личност и го повикува да пристапи кон страницата. Ако станува збор за обострано допаѓање, страницата им испраќа мејлови на двете страни за да го започнат допишувањето, известува Космополитан.

„На овој начин ќе го избегнете одбивањето и срамот или пак пријавата за вознемирување на работа“, истакнува Мајк, основач на страницата.

Она што и го замеруваат на платформата е тоа што не постојат механизми со кои би се предвиделе непријатните и комплицирани ситуации при поврзувањето на корисниците со нивните надредени, што само по себе е неприкладно од гледна точна на човековите ресурси.

Предложено е на самиот почеток да се наведе јасна назнака за тоа на која позиција во компанијата се наоѓа личноста пред да дојде до согласување за размена на мејл адресите.

„Affair at work” тврди дека досега имаеле веќе 350 барања за поврзување од различни корисници, а штом ја прејдат бројката 500, ќе морате да платите 9,99 американски долари за да можете да видите кој ве означил како симпатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот