Француската легенда „удри“ по Дешамп: Вакво финале беше подарок за нас, Зидан треба да биде нов селектор

Фото: EPA PHOTO EFE/MIGUEL RIOPA

Во едно од најдобрите финалиња во историјата на Мундијалите Аргентина беше подобра од Франција на пенали откако во 120 минути фудбал натпреварот заврши 3:3.

Франција за поголемиот дел од фудбалската јавност важеше за фаворит пред почетокот нанатпреварот, а легендарниот Криштоф Дугари испрати критики за Дешамп. Според Дугари нов селектор на Франција треба да биде Зидан.

„Не е мој проблем и не одлучувам јас, но не кријам дека би сакал Зидан да биде новиот селектор на репрезентацијата. Работата е што никогаш не зборуваме за фудбал. Тоа не го направивме ни кога победивме во 2018 година.

Во ред е, но на крајот, кога губиш, ти требаат објаснувања, треба дискусија. Финалето со Аргентина требаше да биде подарок за нас, воопшто не се силни. Забележувам дека од 2012 година немам сопствен стил на игра и тоа е поради Дшеамп кога резултатот е само важен“, изјави Дугари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот