Миовски: Наградите се доказ дека се што правам за Абердин, правам од срце!

Фото: Bojan Miovski/FB

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски изминатата вечер беше прогласен за најдобар играч на Абердин за изминатата сезона. Миовски истото признание го доби и од навивачите и од соиграчите, што докажува дека дефинитивно во Абердин сезонава немаше подобар од него.

По добиените награди штипјанецот испрати порака преку социјалните мрежи истакнувајќи дека се чувствува среќно затоа што секогаш дресот на шкотскиот клуб го носи со срце.

„Им благодарам на сите мои поддржувачи кои гласаа за мене, покажавте колку ви значи тоа што го правам на теренот. За мене овие две награди се доказ дека се што сум направил за овој тим е од срце“, изјави Миовски.

Сезонава Миовски настапи на 48 натпревари за Абердин и постигна 24 гола, додавајќи четири асистенции.

Миовски издоминира на церемонијата во Абердин – освои две награди!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот