„Скај Спорт“ тврди: Баерн Минхен започнал преговори со Тен Хаг

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот од Минхен се одлучил за изненадувачки потег.

Според последните информации, Баерн започна преговори со стратегот од клупата на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Договорот на Тен Хаг со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, а неговата позиција во Манчестер Јунајтед не е сигурна и Баерн ќе се обиде тоа да го искористи.

Пред извесно време се појави информација дека Тухел може да дојде во Манчестер Јунајтед, па така би дошло до смена на тренерите.

Тен Хаг во својата кариера две години беше тренер на Баерн Минхен, па средината не му е непозната. Баерн оваа година остана без титулата во Бундеслигата по 11 години, елиминирани беа од Купот на Германија, па така Лигата на шампионите каде што се во полуфинале против Реал Мадрид им е единствена шанса за трофеј.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот