Миовски издоминира на церемонијата во Абердин – освои две награди!

Фото: Aberdeen Football Club

На церемонијата одржана изминатата вечер македонскиот напаѓач Бојан Миовски беше прогласен за играч на сезоната во редовите на Абердин.

Миовски освои две награди бидејќи прогласен беше за најдобар и од страна на фудбалерите и воопшто во изборот кој го прави клубот за гласање помеѓу навивачите.

Ваквиот избор во шкотскиот тим и не е изненадување затоа што Миовски е убедливо најдобар стрелец на Абердин со 24 гола. Во Премиер лигата е трет стрелец со 14 гола, додека пред него се само Шекленд од Хартс со 21 и Таверние од Ренџерс со 17.

Фото: Aberdeen Football Club

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот