Рој Кин повторно со критики за Халанд: Се однесува како разгалено детиште

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин јавно го критикуваше Ерлинг Халанд.

Норвежанецот во текот на сезоната често пати беше на мета на Кин, пред неколку недели изјави и дека игра на ниво на напаѓач за четврта лига, а сега следуваа нови „отровни стрели“ по мечот помеѓу Сити и Вулверхемптон.

Халанд одигра одличен натпревар и постигна четири гола во победата од 5:1, но кога Гвардиола го замени во 82. минута на клупата покажа незадоволство. Таквата ситуација Кин како едвај да ја чекаше за да го критикува.

„Ја видовме неговата реакција кога беше заменет, не беше среќен, изгледаше како разгалено дете. Таквите работи сега се забораваат бидејќи постигнува голови и Сити победува, но не е во ред“, изјави Кин.

Кин Халанд кој сезонава постигна 36 гола на 41 натпревар, а минатата 52 на 53 средби го опиша како нисколигашки играч.

„Неговата вкупна игра е многу слаба. Пред голот е најдобар во светот, но кога ќе се погледне целата слика е многу лош. Играта му е на ниво на играч од англиската четврта лига. Тоа мора да го поправи и мора што побрзо да поработи на тој сегмент“, изјави во таа прилика Кин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот