Фарски Острови фаворит во првиот натпревар против Македонија

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија се подготвува за бараж двомечот за пласман на Светското пренство, а пред избраниците на Кире Лазаров воопшто не е ласна работа.

Доказ за тоа со каква селекција ќе се соочиме се и прогнозите за букмејкерите. Имено, Македонија не е фаворит и таа улога е препуштена на домаќинот. За утрешниот натпревар коефициентот за победа на Фарски Острови изнесува 1.40.

Ваквата ситуација секако се должи на солидниот настап на Фарски Острови на последното Европско првенство каде што одиграа нерешено и со силната норвешка, а со само гол-два негатива беа поразени од Словенија и Полска.

Билетите натпреварот на 8. мај од поодамна се распродадени и на трибините се очекуваат околу 6.000 навивачи и тоа е скоро 10% од целата популација на оваа земја.

Сепак, бројките не треба ништо да значат, Македонија сигурно ќе биде мотивирана да докаже зошто во последнтие години е редовен учесник на големите натпреварувања. Ќе потсетиме, реваншот е в недела (12. мај) во Скопје.

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж со Фарски Острови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот