Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните.

Минатата година фонтаната накратко беше пуштена во мај, а потоа повторно исклучена. Без вода го дочека и летото, кога од јавното претпријатие информираа дека е исклучена за да се исчисти од нечистотијата предизвикана од обилните дождови.

Да се надеваме дека годинава нема да се повтори истата ситуација и дека туристите нема среде јули да се фотографираат покрај фонтана без вода.

Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот