Се разочаравте во љубовта, бидејќи постојано правите погрешни избори: Проблемот е во вас, еве зошто…

профимедиа

Колку пати сте се разочарале во љубовта, тврдејќи дека од неа ќе се откажете засекогаш, бидејќи постојано „налетувате“ на погрешни лица.

Или се емоционално недостапни или се проблематични. Маргарет Пол, докторка по социологија, терапевт и автор на бројни книги вели дека проблемот е всушност во вас.

Или се утопист, па верувате дека вашата љубов може да го промени партнерот или и самите сте затворени, емотивно недостапни. Трето, чест случај е да сметате дека единствено доколку некого натерате да ве сака, ќе се чувствувате сакано. И грешите, нормално. Затоа започнете да работите на себе.

– Доколку сакате да привлекувате недостапни луѓе, прво морате да го средите внатрешниот „инвентар“, порача Полова.

профимедиа

– Тоа значи дека морате да развиете силен аспект на личност подготвена за љубов, па за почеток засакајте се себе си на здрав начин. Додека само се обидувате да добиете љубов од другите не мислејќи на себе, и понатака ќе привлекувате краткотрајни врски. Дури кога во целост ќе се засакате себе, ќе престанете да се обидувате да ги натерате другите да ве сакаат, бидејќи таквите емоции никогаш не се здрави и не можат ништо да донесат.

Видео на денот