ФИФА: Немаше наместени натпревари на Светското првенство во Катар

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Аргентина го освои Светското првенство во Катар, а ФИФА соопшти дека не нашла индикации за „манипулации“ или какви било нерегуларности на натпреварите.

Имено, работната група за интегритет внимателно ги прегледуваше снимките од 64 одиграни натпревари на Светското првенство за да види дека нема ништо сомнително.

Во доставениот извештај се тврди дека вакви случаи не се идентификувани, стои на сајтот на светската куќа на фудбалот. Беше наведено дека ФИФА ќе продолжи да работи на развој на стратегија во борбата против манипулациите во фудбалот.

Анализирани се легалните пазари за обложување, спроведени се бројни истраги во повеќе јурисдикции и прегледан е надзорот на терените за натпреварување за да се спречи каков било обид за манипулација на натпреварите.

Да потсетиме, „гаучосите“ во мечот за трофеј ја совладаа Франција и по трет пат ја освоија титулата светски првак.

ВИДЕО: Ришарлисон го има најубавиот гол на Светското првенство во Катар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот