Две лица повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Две лица се повредени во сообраќајка на патот Валандово-Струмица.

Сообраќајката се случила ноќта меѓу среда и четврток, околу 00.25 на место викано „Валандовско брдо“. Во несреќата учествувале автомобил „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот