Барди: Еден период во Шпанија ме споредуваа и со Меси

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди по еден период во кој не играше стандардно со добрата форма сега повторно е помеѓу најважните фудбалери на турски Трабзонспор.

Барди сега во едно интервју за турските медиуми зборуваше и за времето во Шпанија каде што го носеше дресот на Леванте.

Македонскиот играч од средниот ред е познат како мајстор за слободни удари, а во оваа категорија во еден период во Шпанија беше споредуван и со Лионел Меси кој во тоа време го носеше дресот на Барселона.

Барди сега со задоволство се потсети на тие денови и призна дека убаво се чувствувал кога го споредувале со славниот Аргентинец.

„Додека играв во Шпанија имав седум гола од 25 слободни удари, додека Меси постигна осум гола од 52 прекина, па така имав многу подобар процент од него. Искрено, ми беше мило што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња“, изјави Барди.

Зборуваше Барди и за минатата сезона во која не успеваше да игра во најдобра форма.

„Минатата година беше многу тешка за мене, не сум зборувал за ова бидејќи ми е тешко. Цело време чувствував некаков товар, притисокот беше голем се додека едно утро јасно си кажав дека не сакам да заминам од Трабзон на ваков начин. Добив голема желба да останам и да оставам нешто важно тука. Од тој момент ситуацијата се промени“, истакна македонскиот репрезентативец.

Комплетното интервју на Барди можете да го прочитате – ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот