ВИДЕО| Андоновиќ: Иран се враќа на старата тактика – напади врз САД и Израел преку посредници

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Доцна синоќа од северниот дел на Ирак биле истрелани проектили кон базата на меѓународната антиџихадистичка коалиција во соседна Сирија, соопштија ирачките безбедносни сили дека го пронашле возилото што се користело за лансирање на проектилите.

Тоа е прв голем напад врз коалициските сили предводени од Вашингтон, по неколкунеделно затишје.
Изминатите месеци вооружени проирански фракции извршија десетици ракетни и беспилотни напади врз американски војници распоредени на Блискиот Исток.

Синоќа во провинцијата Ниневија, на северот на Ирак, на границата со Сирија е започната „голема операција за пребарување со цел да се откријат сторителите на нападот, соопштија ирачките безбедносни сили.

Тие сили обвинија „непознати напаѓачи“ дека истрелале ракети врз базата на меѓународната коалиција.

„Неколку ракети истрелани од ирачка територија кон базата Хараб ал-Џир каде се стационирани американските сили“ во североисточна Сирија.

Меќународната коалиција предводена од САД се сомнева дека за нападот е одговорна проиранска вооружена група.

Ракетните напади доаѓаат во време на зголемени тензии во регионот, каде што во тек е војна меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Дополнително неодамна Израел нападна ирански конзулат во Сирија, каде беа убиени двајца високи генерали на иранската републиканска гарда, задолжени за координација и планирање на ирански воени дејствија во странство.

Веднаш по ова Иран изведе напад со над триста дронови врз Израел, кој освен закана и предупредување не постигна никаква бобрена цел. Во ист стил Израел возврати, и се ппоизвесно е дека овој обид за директне судир на двете нерпијателски држави во оваа фаза на директни судиро завршува.

Сега Иран очигледно се враќа на старата тактика, водење војна против Израел и западните сојузници преку своите надворешни сојузници, ирачките и сиријски шиитски милиции, Хезболах, хутите во Јемен, кои се координирани, организирани и снабдувани од Иран.

Во целoтo ова надворешно водење на тероростички удари се вклопува и Хамас кој во војната со Израел, добива голема логистичка и финансиска подршка од Иран.

Оттаму и се поизвесно е дека војната меќу Израел и Иран, која на момент се закануваше да прерасне во директен воен судир, се враќа на војна преку посредници.

По неколку дневно планирање и калкулирање, началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија.

Ова значи дека и покрај противењето на меќународната заедница и особено главниот сојузник САД, Израел ќе се насочи кон копнен влез во Рафах каде се згрижени над 2 милиони палестински цивили.

Ккао аргумент за ова Израел посочува дека во Рафах се засолнети преостанатите 5 батаљони на Хамас од каде, како што велат, се напаѓаат израелски цели, за што е обвинет Иран дека ги планира и помага во извршувањето на нападите

Особена подршка Израел добива со завчера изгласаната американска помош од 63 милијарди долари, од кои покрај Украина дел ќе добие и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот