Револуционерно: Научниците открија која храна го зголемува ризикот од рак

Фото: Профимедиа

Научниците од Сингапур неодамна откриле загрижувачка врска помеѓу консумирањето одредени намирници и зголемениот ризик од рак

Според британски „Мирор“, тимот научници открил дека консумирањето мрсна и слатка храна предизвикува телото да произведува соединенија кои повремено можат да ја исклучат способноста на генот којшто е клучен за сузбивање на туморот.

Во револуционерното откритие, откриено е дека метилглиоксалот има способност да ја блокира способноста на генот БРСА2 во борбата против ракот.

Водечкиот истражувач и директор на Центарот за истражување на ракот при Националниот универзитет во Сингапур, д-р Ашок Венкитараман, рекол дека метилглиоксалот го покренува уништувањето на генот БРСА2 со што се намалува неговата активност во клетките. Иако овој ефект е привремен, неговото делување може да ја спречи функцијата на БРСА2 во превенцијата на тумори. Тој објаснил дека честото консумирање ултра преработена храна богата со масти и шеќери може да доведе до зголемено генетско оштетување и зголемен ризик од рак.

– Откривме дека метилглиоксалот ја инхибира функцијата спречување на туморот на БРСА2, што на крајот предизвикува грешки во нашата ДНК кои се рани знаци за предупредување на развој на ракот – објаснил тој.

Студијата исто така забележала дека луѓето со дијабетес и преддијабетес често имаат високи нивоа на метилглиоксал. Истражувачите предупредиле дека се потребни понатамошни истражувања, затоа што студијата е спроведена на клеточните култури, а не на човечки субјекти.

Инаку, студијата била објавена во магазинот „Сел“ (Cell).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот