ВИДЕО+ФОТО | 48 часа предходно сам на себе си ставал витамински инекции: Познатиот пејач почина од Ковид – 19!

Мексиканскиот пејач Џери Демар (41) се жалел на болки во задникот по земањето на витаминска инекција, за два дена подоцна да почине.

Ѕвездата на шоуто „The Voice Mexico“ почина во понеделникот на 41 година, а странските медиуми пишуваат дека умрел поради компликација од Ковид – 19.

48 часа пред смртта, Латиноамериканецот кој е номиниран за Греми, рекол дека трпи неподносливи болки, откако самиот на себе си давал витамински инекции во задникот.

– Во болница сум бидејќи имам проблеми со задникот. По грешка три дена вбризгував витамини во исто место – започнал тој.

– Пред два дена ја примив последната доза. Шест часа болката е огромна, на скала до 10, болката е 12 – додал тој.

Џери Дамар

Не е познато кои витамини ги примал Демар. Тој потоа бил примен во болница во Калифорнија, поради повраќање и поради состојбата во која се наоѓал.

– За време на снимката која ја снимал во живот за на Фејсбук, Демар правел страшни гримаси од болка и тешко дишел, а зборувајќи на шпански, се жалел на лечењето кое го имал во болница. За жал два дена подоцна тој починал.

Неговата сопруга Клаудија напишала:

– Роднини и пријатели, љубовта на мојот живот веќе ужива во Божјата слава, ви благодарам на сите за молитвите. Ќе те сакам засекогаш – напишаа таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот