ВИДЕО | Нилски коњ по седум години почнал чудно да се однесува, направен е ДНК тест, сите во Зоолошката занемеле

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На вработените во Зоолошката градина во Јапонија им биле потребни седум години да утврдат дека не е тој, туку таа.

Чуварите забележале дека 12-годишниот нилски коњ Ген-чан не се однесува како типичен мажјак, па бил направен ДНК тест, пишува Би-би-си.

Резултатот од тестот бил – тој не е мажјак, туку женка!

Ген-чан пристигнала во Осака од Мексико во 2017 година, а во царинските документи било наведено дека е машки пол.

Во објавата на сајтот минатата недела, Зоолошката градина Осака Тенои ја потврдила веста за вистинскиот пол на нилскиот коњ.

Во објавата се вели дека Ген-чан пристигнала во нивната Зоолошка градина од животинскиот парк Африка Сафари во Мексико кога имала пет години и дека била прогласена за мажјак.

Во соопштението се вели дека, бидејќи Ген-чан во тоа време сè уште бил младунче, тие не ги провериле документите.

Но, на чуварите на Зоолошката градина им станало сомнително додека Ген-чан созревал/а и не можеле визуелно да ги идентификуваат машките репродуктивни органи.

Портпаролката на Зоолошката градина во Осака во вторникот изјавила за АФП дека Ген-чан не покажувал никаков интерес за женките, односно не им се додворувал, ниту, пак, со движењето на опашката како пропелер расфрлал фекалии додека вршел нужда, што нилските коњи-мажјаци го прават за да обележат територија.

– Ќе се погрижиме да не се повторат вакви грешки – изјавил заменик директорот на Зоолошката градина, Кијоши Јасуфуку.

Зоолошката градина потврди дека Ген-чан нема да го менува името.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот