Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ / Фото: Инстаграм/Тамара Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ со емотивна приказна за Тамара: „И нашите внуци ќе бидат горди на ова“

Тамара Тодевска деновиве е во центарот на вниманието на јавноста со својата нова песна „Drama Queen“. Покрај тоа што песната доби бројни пофалби на социјалните мрежи, најгласната и најемотивната поддршка ја доби токму од сестра ѝ, Тијана Дапчевиќ.

Тијана преку социјалните мрежи сподели емотивна порака, не криејќи ја гордоста од огромниот труд што Тамара и нејзиниот тим го вложиле во овој проект.

„Баш сум горда на мојата Тамара! Ова го подготвуваше доооолго заедно со нејзиниот тим (Коста Петров, Емин Џијан, Мартин Трајановски). Направи нешто на што ќе бидат горди и нашите внуци!“, напиша Тијана.

Таа особено го потенцираше уметничкиот квалитет на самиот албум, откривајќи дека станува збор за целосно „жива“ музика, без вештачки додатоци.

„И уште нешто – не постои ама баш апсолутно ниту еден вештачки инструмент, сè е во живо! Браво, сестро! Албумот е пропратен со визуелизации за секоја нумера“, додаде Дапчевиќ, најавувајќи го и големиот концерт на Тамара, кој ќе се одржи на 3 октомври во Скопје, во арената „Борис Трајковски“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Дека многу вложува во новите песни, Тамара докажа и со својот последен настап. Таа вчеравечер се појави на сцената во вистинско издание на светска дива.

За овој настап, Тамара избра софистицирана и драматична црна креација – елегантен фустан без прерамки кој ја истакнува нејзината силуета, надополнет со долги црни ракавици кои на целиот изглед му дадоа доза на класичен холивудски гламур.

На сцената, Тамара беше придружувана од две атрактивни пејачки. Со моќната интерпретација и препознатливата харизма, таа уште еднаш потврди зошто важи за една од најдобрите пејачки на овие простори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот