АБА 2 лига: Слободен влез за полуфиналниот дуел МЗТ – Спартак Суботица

фото: KK MZT Skopje Aerodrom

Пред кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром е најважниот период од годината во кој ќе се брка остварување на секогаш највисоките цели, а кој почнува на 27 април (сабота) со првиот полуфинален дуел од АБА 2 лигата против Спартак Суботица од Србија (19.00 часот) на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.

Ова дефинитивно е една од најважните пресметки во досегашниот дел од сезоната. Тоа го знаат и играчите предводени од тренерот Васко Атанасов, кои изминатиов период напорно работеа на дополнително усовршување на сѐ што досега имаа работено.

Предизвикот е голем, противникот е фаворизиран, но актуелниот македонски шампион секогаш бил најдобар и најборбен кога било најпотребно.

МЗТ уште еднаш ги повикува навивачите, како и во четвртфиналниот дуел, така и овојпат слободен ќе биде влезот за полуфиналниот меч со Спартак Суботица.

– Само со заеднички сили би можеле да дојдеме до посакуваното финале, а за што ни треба уште една во низа МВП партија на нашиот „шести играч“, за која не се сомневаме дека ќе се случи. В сабота сите патишта нека водат во „Јане Сандански“, а трибините нека бидат претесни да ги примат сите што сакаат да ни помогнат. Ако се случи тоа, тогаш уверени сме дека на крајот сите заедно ќе се радуваме – објавија од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот