фото: Драган Митрески/Слободен печат

Маџунков: Европската златна лига ќе биде воигрување за квалификациите

Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација предводена од новиот селектор Хари Наковски се подготвува за настапот во Европската златна лига.

Нашите најдобри одбојкари до 8 мај ќе тренираат во Струмица, а потоа ќе отпатуваат на пријателски натпревари против Романија.

Потоа ќе се вратат во салата „Парк“ и ќе тренираат до почетокот на Европската златна лига на 17 мај, со првиот турнир на кој ќе им бидеме домаќини на Чешка и на Естонија. Следните два турнири се во Белгија и во Хрватска.

Во август се два од четирите натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Акцентот ќе биде ставен токму на нив, затоа што преку Грузија и Грција, Македонија бара шанса за четврти континентален собир по ред.

Средниот блокер на нашата репрезентација, Филип Маџунков посакува воигрување во Европската златна лига, па резултат во евроквалификациите:

– Треба да се повторат резултатите што се однесува за квалификациите. За Европската златна лига ќе имаме време за воигрување, да се запознаеме со некои нови играчи. Акцентот се става на квалификациите кои се во август. Нормално, ќе одиме на победа во натпреварите во Европската златна лига, но ќе го искористиме натпреварувањето како да тренираме заедно, да се сплотиме како екипа, да се запознаеме со новиот селектор и со новите лица во стручниот штаб – вели Маџунков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот