ФОТО | Тренди модел: Иванка Трамп блесна во сандали кои наскоро ќе ги гледаме на секој чекор

Иванка Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Сандалите со тенки златни ремчиња се исто толку добри за на плажа како и за деловен состанок, што ги прави одлична инвестиција.

Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на социјалните мрежи се пофали со својот одличен пролетен стајлинг, составен од тренди парчиња.

Иванка е позната по тоа што ги фаворизира парчињата кои успешно ќе ги истакнат нејзините облини, а еден таков е занесниот топ со асиметрични врвови, збогатен со ласкав ремен околу половината.

Таа вешто го спои ова необично модно парче со едно од најпосакуваните здолништа во моментот – плисиран модел со шлиц, во хит-розова боја, со должина веднаш до коленото.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа целиот стајлинг го заокружи со беж чанта и сандали кои наскоро ќе ги гледаме на секој чекор. Имено, Иванка е очигледно добро упатена во трендовите, бидејќи токму моделите со тенки ремчиња беа вистински хит во колекциите на дизајнерите за сезоната пролет-лето 2024 година.

Нејзиниот модел се издвојува со само две коси, тенки прерамки со златен сјај, кои даваат женствен и сензуален изглед, особено во оваа нијанса, која останува исклучително популарна оваа пролет.

Предноста на овие сандали е нивната исклучителна разновидност и носливост од утро до вечер. Имено, тие изгледаат исто толку добро носени со здолништа или панталони, а нивната минималистичка елеганција ги прави погодни за носење од плажа до град до канцеларија и деловни состаноци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот